Африканската свинска чума стигна до Германија

– Германските власти денеска предупредија дека е можно африканската свинска чума да пристигнала во земјата.

Германското Министерство за земјоделство соопшти дека во покраината Бранденбург е регистриран случај на сомнеж за свинска чума

Пронајдена е мртва дива свиња на неколку километри од германско-полската граница, која е испратена на вирусолошки преглед.

Уште во јануари германската Влада изрази загриженост за ширењето на африканската свинска чума во соседна Полска и опасноста од пренесување во Германија. сд/

Back to top button
Close