СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја поскапе струјата за 100 отсто и потоа се финансирала со пари од поскапувањето
ВМРО-ДПМНЕ не можат да помират со тоа што граѓаните веќе не им веруваат на нивните лаги и лицемерие и затоа упорно продолжуваат со деструктивното и неодговорно дејствување.
Ниедна лажна вест, ниеден таканаречен протест, не го сокрива фактот дека токму ВМРО-ДПМНЕ ја поскапи струјата за 100 отсто, ниту фактот дека ВМРО-ДПМНЕ всушност се финансирала од поскапата струја што ја плаќаа граѓаните и стопанството.
Поранешен директор на АД ЕЛЕМ во судско сведочење јавно кажа како носел пратки кај тогашниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Божиновски и како Божиновски му се јавувал да ургира компании кои добиле тендери од тогашното АД ЕЛЕМ, да и помогнат на партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ се разоткриени, затоа граѓаните ги казнуваат на три последователни избори и затоа не се приклучуваат на лицемерните протести на губитникот Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ не знае за ништо друго освен да брани криминал и да шири лажни вести. И самиот Игор Јанушев за кој има предмет, за злоупотреба на службена положба каде се сомнева дека го оштетил буџетот за 5 милиони евра, очигледно кога вели мафија мисли на себе и ВМРО-ДПМНЕ.
Правда ќе има за секој, тоа е најголемиот страв на Јанушев и ова деструктивно ВМРО-ДПМНЕ на поразениот Мицкоски.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ