Франција со речиси 10.000 новозаразени за еден ден
Франција денеска регистрира рекордни речиси 10.000 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа пред клучниот состанок на кој Владата треба да донесе одлуки за засилување на мерките против пандемијата.
Властите се повеќе се загрижени поради големиот број на заразени во Франција, иако бројот на починати и оние кои се на интензивна нега се далеку од високите цифри регистрирани во март и април.
Министерството за здравство соопшти дека се регистрирани 9.843 новозаразени со коронавирусот за еден ден, најголем број од почетокот на масовното тестирање, со откриени и потврдени 71 нов кластер.
Во изминатото деноноќиe починале 19 луѓе, со што вкупниот број на жртви во Франција достигна 30.813.