Од фонтаните во центарот на Струмица тече пена
– Фонтаните долж булеварот „Маршал Тито“ во Струмица утрово осамнаа наполнети со пена.
Засега не се познати сторителите, а од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека во фонтаните е истурена поголема количина на средство кое создава пена.
-Некои неодговорни граѓани најверојатно истуриле прашок за перење или некое друго средство во фонтаните долж булеварот „Маршал Тито“. Уште рано наутро наши екипи го забележаа овој вандализам и во текот на денот фонтаните ќе бидат измиени и исчистени, рече Бранко Ѓоргиев од ЈПКД „Комуналец“.
Од струмичкото комунално претпријатие додаваат дека за овој вандализам е запозната и полицијата. рт/вј/