Граѓански протесни маршеви против покачувањето на цената на струјата во 18 часот

Протесни маршеви против покачувањето на цената на струјата тргнуваат и овој пат од две локации: Жена парк и Паркот во Чаир, а оттаму ќе се маршира до Владата на РСМ.
Барањата се следните

НЕ за поскапувањето на струјата!

НЕ за дополнителното осиромашување на граѓаните!

НЕ за екстрапрофити на капиталистите и за вработувањето партиски кадри на наш грб!

-Во услови на пандемија, кога многу граѓани губат работа и кога им ги намалуваат платите, многу влади во Европа ја намалија цената на струјата додека трае кризата. Но кај нас не беше така. Кај нас ја ПОСКАПИЈА струјата. ЕВН, МЕПСО, ЕСМ трпеле поради кризата. А граѓаните не трпат? Што е поважно? Профитите на капиталистите и вдомувањето на партиските војници или животниот стандард на обичните граѓани?

Не смееме да го дозволиме овој удар на нашиот грб! Да го кренеме нашиот глас! Од нас зависи! Да се обединиме, Македонци, Албанци, Роми, Турци и останати, да се обединиме и да се спротивставиме! Да не им дозволиме да им помине поскапувањето на струјата!
БАРАМЕ:
1. Итно поништување на последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика за зголемување на цената на електричната енергија.
2. Владата да ја распушти Регулаторната комисија за енергетика, тело што им служи на интересите на деловните групи и корпорации на грбот на граѓаните.
3. Формирање независно арбитрарно тело во служба на граѓаните за да се провери квалитетот на енергетските услуги.
4. Владата да ги врати приватните компании за дистрибуција на електрична енергија под државна администрација.
5. Намалување на цената на електричната енергија за 46 % (отстранување на 33 % од цената за ангажираната моќност која до пред неколку години во сметката за електрична енергија беше посебна компонента и потоа вклучена во општата цена, а попустот ДДВ од 18 % на 5 %).
6. Владата итно да го раскине неславниот договор со ЕВН, приватниот дистрибутер на електрична енергија во РСМ, кој со години го злоупотребуваше монополот даден од Владата.
7. Простување на сите камати од сметките на ЕВН што граѓаните до сега не ги платиле бидејќи сметаме дека високите сметки генерирани од ЕВН се главната причина за нивно неплаќање на време. Со оглед на високата цена на електричната енергија со порастот на цената за повеќе од 230 % во последните 14 години, сметаме дека граѓаните плаќале и камата и камата над камата со плаќање на тие сметки. Затоа камата за тие астрономски сметки ја сметаме за незаконска и законски грабеж – стои во соопштението за протестот.
Протeстот го поддржуваат Сакаме чист Чаир, Социјалистичка зора, Конфeдeрацијата на синдикални организации (КСОМ), Fridays for Futurе и МО Црвeни

Back to top button
Close