Маричиќ: Ќе има аудио снимки од судењата и секој судија ќе биде контролиран од јавноста

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, во интервју за „360 степени“ зборуваше за најавата од програмата на владата за правење достапни за јавноста на аудио снимки од судењата и на тој начин давање увид за тоа што се случува во судските сали.

-Мислам дека е изводливо и дека е во рамките на законот. Доколку има потреба ќе направиме измени, но мислам дека е во рамките на законот. И досега се објавуваат пресуди и тоа е добра пракса. Нам ни е важно да се зајакне транспарентноста, одговорноста и ефикасноста на судството. Ова е елементот на транспарентност и верувам дека тоа ќе го олесни увидот на јавноста во конкретните случаи и во оправданоста на определени одлуки на судовите, но исто така тоа ќе ја демистифицира работата на судовите на некој начин и нема да стои она големо прашање дали некој ги контролира судиите како судат и како постапуваат. Мислам дека со објавување на овие аудио записи таа мистерија ќе се разреши и секој судија ќе биде практично контролиран од јавноста – рече Маричиќ.

Back to top button
Close