Ја прекршиле забраната за движење, а кај А.М. бил пронајден пиштол „екол“
На 20.05.2021 околу 04.00 часот во с.Студеничани, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.М.(28) и Н.Ј.(23), двајцата од с.Студеничани, затоа што ја прекршиле забраната за движење, а кај А.М. бил пронајден пиштол „екол“ и пет гасни куршуми.
Тие биле предадени на полициски службеници од Полициска станица Драчево за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.