Џафери: Пописот не е и не смее да биде политичка операција, месец април да покаже дека сме созреале како држава

– Информирањето и охрабрувањето на граѓаните за важноста и за значајноста од нивното и вклучувањето на сите институции во успешното спроведување на пописот, не само што е потребно и неопходно, туку е и од витално значење за идното креирање на развојните политики на земјата, засновани врз прецизни податоци за да може да се направат макроекономски планирања кои ќе бидат од полза и за научните и другите истражувања меѓутоа и за напредокот на земјата.

Ова го истакна претсасдеталот на Собранието на РСМакедонија Талат Џафери во обраќањето на деншната средба организирана од Државниот завод за статистика за координација со државниот врв и градоначалници за координација во спроведувањето на претсојниот попис.

-Се разбира, Република Северна Македонија, како полноправна членка на Организацијата на Обединетите Нации, ги почитува обврските што произлегуваат од тоа членство и затоа спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите ќе биде спроведено во согласност со донесените Меѓународни препораки подготвени од страна на Економската комисија за Европа на Обединетите нации и Евростат – статистички цели и за тоа, убеден сум дека се направени сите пред подготовки од страна на Државниот завод за статистика, како национален координатор на статистичкиот систем во земјава за спроведувањето на оваа операција, која за жал, во Република Северна Македонија не е реализирана во последниве 20 години, иако имаше обид во 2011 година кој што обид беше прекинат, рече Џафери.

Според него, на  пописот кој во демократскиот свет се гледа како на најскапа и најобемна статистичка операција кај нас се восприемна низ политичка призма.

-Дали е тоа така, зошто е тоа така, што доведе до тоа да во нашата земја, секоја постапка, секоја иницијатива, секоја вообичаена законска обврска се гледа низ политичкиот објектив, мислам дека нема да биде воопшто продуктивно и целисходно да зборувам сега за тоа. Затоа што за правата и обврските имаме Устав, имаме важечки закони, имаме ратификувани меѓународни Декларации. И затоа, во едно сум убеден и на тоа ќе инсистирам, Пописот не е и не смее да биде политичка операција. Редно е да се издигнеме над тој порив, редно е да се вброиме меѓу земјите кон чие што друштво и целиме, истакна Џафери.

Back to top button
Close