Ахмети: Во последните 100 дена ќе има премиер Албанец. Оваа коалиција ќе биде најуспешна
Многу сум убеден дека оваа коалиција, ова партнерство за уште четири години ќе биде најуспешното, изјави претседателот на ДУИ Али Ахмети, по денешната средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев, на која беше постигнат договор за парламентарно мнозинство и владина колаиција.
– Идејата беше за доближување, порака за преземање одговорност од Албанците за заедничка држава. Мора да му признаам на Заев за храброста и поздравувам дека ќе има Албанец премиер во последните 100 дена од оваа Влада, рече меѓу другото Ахмети, додавајќи оти идејата била да се доближат граѓаните и заедниците, а не да се раздвојат.
На следната влада и на коалицијата Ахмети и посака многу успех и успешна работа, додавајќи дека се што претходно изјави Заев, тоа е договорено.
Договорот е постигнат прво со цел, како што рече, имајќи предвид на граѓаните да им се овозможат посигурен живот и иднина.
Ахмети изрази увереност дека денешната одлука ќе биде поздравена од сите граѓани на нашата држава, но и од нашите партнери од меѓунардоната заедница кои ни помогнаа на патот кон НАТО и ЕУ.
– Значајно е дека денешната коалиција се базира на здрави темели и ќе придонесе за добар тек на сите процеси во државата. Многу сум убеден дека денеска направиме добра работа за сите наши граѓани, изјави меѓу другото Ахмети по денешната средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев во Клубот на пратениците.