Акција на Пелистер: Се извлекува повреден планинар Активиран хеликоптер и тигрите.
Вистинска акција се случува утрово на планината Пелистер каде има повреден планинар, пишува 4news.
Според информациите, планинарот при совладување на тежок терен ја скршил ногата и не може да се движи.
По добиената пријава, Дирекцијата за заштита и спасување итно го мобилизира тимот за спасување од планина чии припадници во моментов се движат кон местото каде што се наоѓа повредениот планинар, а кое е оддалечено неколку часа од последната позиција до која може да се стигне со возило, со цел да го имобилизираат, подготват и пренесат до отворено место на кое ќе може да биде преземен од полициски хеликоптер со помош на витло со кое ќе ракуваат специјалци од полициските Тигрите