Амди Бајрам сепак и прави свадба на внуката. Место во Скопје заради забраните веселбата е на брод на Босфор

 

 

 

 

Екс пратеникот Амди Бајрам сепак и ја исполни желбата на неговата внука од синот Габриел. Свадбата на Перјан иако беа испечатени и покани за 1000 гости веселбата заради забраната поради Ковид 19 ја откажа во Скопје ама гостите ги однел во Истанбул. За ,,Фокус” Бајрам потврди дека моментално се забавуваат на свадбената веселба која се одржува на брод со 600 гости. За него, најважно е тоа што има свадба, а во исто време не ги прекршил законите во земјава. -Имаме 370 гости од Македонија и 230 гости од Турција. Имам доста турски политичари овде, од кај претседателот Ердоган, од политичкиот врв, од кај нас политичари нема на забавата. Се забавуваме на брод на Босфор, атмосферата е прекрасна. Се организиравме за кратко време со помош на пријателите на Ердоган. Кога ќе се вратиме назад, ќе споделиме фотографии и снимки од овој убав настан – изјавил вечерва за Фокс Амди Бајрам.

Back to top button
Close