Андоновска: Земјите во регионот вакцинираат, Филипче ја остави земјава без вакцини

Прес-конференција на Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Додека други земји во врска со вакцината против корона или стартуваа или ги прават последните подготовки, бидејќи знаат прецизно датум кога ќе почне вакцинација, секако и количина на дози на вакцини, Филипче секој ден со нови изјави и нови лаги.

Бидејќи станува збор за клучен сегмент во превенирање од корона, дури и спречување на овој вирус, Филипче е должен да се погрижи за вакцината.

Филипче беше должен уште вчера да знае и да ја извести јавноста од каде и колку дози на вакцини ќе има, секако и кога истите ќе пристигнат.

Различните изјави како онаа: вакцини од КОВАКС ќе има на почеток на 2021 година, потоа следува изјава дека ќе видиме директно ќе се преговара, па повторно вели преку КОВАКС, ама мал пазар сме веројатно вакцина во втората половина на следната година ќе се добиеле, и кој знае уште што се нема да слушнеме на оваа тема. Сите овие различни изјави дадени во кус временски период, говорат дека Филипче лаже.

Вчерашниот владин став пак беше дека не чекале само донации, туку биле почнати процедури за набавка?! Ако било каква процедура е почната на време, такви сериозни институции преку кои се дистрибуира вакцината и фирми кои ги произведуваат, сигурно би знаеле да кажат за кога сме им во план да обезбедат вакцини за нас.

Филипче треба да престане со лагите и даде одговори, кратки, прецизни и јасни.

Прво, ќе добие ли Македонија и граѓаните вакцини преку КОВАКС, колку дози и кога?

Второ, се преговара ли со Фајзер и Астра Зенека, или со некој друг производител, имало ли состаноци, ако имало договорено ли е нешто да се преземе? И секако детали, ќе може ли да се купи директно, колку и кога?

Трето, кога ја почна играта со донации, Филипче треба да каже кој од соседите ќе донира, колку дози вакцини и кога ќе стигнат истите?

Филипче доста веќе со паушални изјави, менување на изјави и лаги.

Едно е јасно, Филипче и Владата не знаат колку и кога ќе стигнат вакцини. Тоа е срамно!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Back to top button
Close