Андреј Ковачев: Во Македонија има само прикаски, немаат желба за напредок
Бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев, вели дека македонскиот премиер Зоран Заев секогаш зборува со голем оптимизам и со голема надеж, но до денес скоро и да нема резултати.
Во интервју за бугарската агенција БГНЕС, Ковачев истакнува дека Бугарија строго ќе се придржува до своите позиции, а почетокот на преговорите со Европската унија зависи од Скопје.
Во Македонија немаат желба за напредок, има само прикаски. Тие ветуваат дека ќе ги решат проблемите во иднина, а од нас сакаат да продолжиме со безрезервна поддршка – вели Ковачев, во однос на декларацијата на македонското Министерство за надворешни работи за односите со Бугарија.
Во декларацијата на новото раководство на македонското МНР се наведува дека преку Договорот меѓу двете земји ќе бидат решени сите историски спорови.