Ангелов: Два македонски и три српски хеликоптери се на пат кон Пехчевскиот регион  

За алармантната ситуација во Пехчевскиот регион алармираше и градоначалникот на Берово, Ѕвонко Пекевски, кој рече дека пожарот се проширува и кон оваа општина и го повика населението масовно да помогне во гаснењето

Без паника, безбедноста на луѓето е на прво место, порача в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Во тој регион се упатени и три од српските хеликоптери кои пристигнаа вчера за помош.

-Во овој момент пет хеликоптери од кои два македонски и три српски се на пат кон Пехчевскиот регион и заедно, со сета сила, ќе удрат по големиот пожар кој се заканува на околните села. Без паника! Безбедноста на луѓето на прво место! Доколку некој е загрозен од пожарот веднаш нека се оддалечи на безбедно. Нови куќи се прават, нови дрвја ќе пораснат, изгубените животи на луѓето нема да се вратат – вели Ангелов

 

 

Back to top button
Close