Антикорупциска го привршува предметот „Леонардо“: Државата плаќа високи камати

Договорот со италијанската фирма „Леонардо“ за набавка на радарски системи останал ист и пред во него да се вклучи поранешниот генерален секретар Драги Рашковски, но сомнително е доцнењето со исплатата на траншите за кои државата плаќа високи камати, вели претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска во интервју за Радио Слободна Европа. Како што вели таа, се работи за комплексен и обемен предмет.

-Ние го отворивме и од аспект на јавната набавка, на целата постапка за избор на „Леонардо“ како оператор од кој што требаше да се набави таа опрема, и тој е малку пообемен процес, и тој процес е завршен. Е сега вториот дел е кога Рашковски се вклучува и зошто се вклучува и зошто се одолговлекува времето на склучување на договорот, иако се склучува ист договор како и претходно што се сакало да се склучи, ни остануваат уште ситни детали, околу пет до десет проценти за целосна обработка на предметот, меѓутоа и тоа брзо ќе се заврши и ќе ги објавиме резултатите од тој предмет – вели Ивановска.

Таа нагласува дека договорот останал ист, но времето за повлекување на траншите е надминато. За надминување на времето и за ненавремено плаќање на траншите, додаде Ивановска, се плаќаат високи камати од страна на државата.

Back to top button
Close