Арсовска го доби уверението за градоначалник на Скопје

Изборната комисија на Град Скопје денес го врачи Уверението за избор на градоначалник на ДанелаАрсовска. Со ова Град Скопје доби жена градоначалник за прв пат од независноста на државата.

В понеделник, на 8 ноември, 2021 година, Арсовска официјално ќе го преземе градоначалничкиот мандат, кога на свечен чин ќе биде извршено примопредавањето.

Во првиот круг од локалните избори, Арсовска беше во водство од 7.915 гласови, а во вториот круг, разликата изнесуваше 28.130 гласа пред против кандидатот Петре Шилегов.

 

Back to top button
Close