Бајден неделава во офанзива во републиканските држави, Трамп се фокусира на старите упоришта

Демократскиот претседателски кандидат, Џо Бајден неделава има митинзи во типично републиканските сојузни држави Џорџија и Ајова. Актуелниот претседател, Доналд Трамп, пак, оди во Минесота и Невада, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Во последните денови од кампањата, Бајден ќе оди во Висконсин и во Ајова (во петок) и во Мичиген (во сабота), а неговиот заменик Камала Харис, кандидатка за потпретседател на САД, пак, оди во Тексас. 

– Синиот ѕид треба повторно да биде воспоставен, изјави тој синоќа за новинарите во Пенсилванија.  

На некој начин, двајцата кандидати бараат невообичаени патеки за пробив и обезбедување 270 гласови од електоралните колеџи (колегиуми), потребни да се добијат изборите. Бајден смета дека „црвените“ држави како Џорџија, Тексас и Охајо, може да бидат добиени, и неговиот штаб деновиве таму започна агресивна рекламна кампања.  

– Ова е резултат на реалноста дека Трамп не може да се мери со многу поголемиот буџет на изборната кампања на Бајден, пренесе Си-Ен-Ен. 

Рекламната кампања на Трамп стана поагресивна во седумте држави кои тој ги доби во 2016 година и се надева на повторување: Аризона, Флорида, Северна Каролина, Мичиген, Пенсилванија, Висконсин и Џорџија, плус во Минесота и Невада. Но, најновите независни анкети на јавното мнение во овие држави укажуваат дека во сите нив Бајден или води или е нерешено со мала погрешност во резултатот. 

Според аналитичарите, кој и да ги добие првите шест во овој список, таканаречени  „фронтови“ држави, тој ќе стане победник на изборите на 3 ноември.

Back to top button
Close