Бакингемската палата ќе го испрашува персоналот по инцидент во бар
Бакингемската палата денеска соопшти дека ќе испраша неколку членови на нејзиниот персонал вклучени во тепачка во бар за време на божиќна забава.
За инцидентот пишуваа британските медиуми, особено „Сан“.
Според весникот, околу 50 членови на персоналот од палатата, официјалната резиденција на британските монарси, отишле во бар во вторникот вечерта за да ја продолжат вечерта која претходно почнала со дочек во кралската резиденција.
Со помош на алкохол забавата се претворила во „хаос“, пишува таблоидот, а во центарот на „тепачката“ била 24-годишна собарка која била опишана како „вон контрола“ затоа што кршела чаши и ги напаѓала вработените во барот.
Неименуван портпарол на Бакингемската палата изјавил за АФП дека се „свесни за инцидент што се случил надвор од работното место“ во кој учествувале „голем број вработени во палатата“, пренесе Бета.
– Фактите ќе бидат темелно истражени, ќе се примени ригорозен дисциплински процес за членовите на персоналот и ќе бидат преземени соодветни мерки, додал портпаролот.
Лондонската полиција потврди дека во вторникот вечерта упаднала во бар и уапсила млада жена, која била ослободена следниот ден