Балуку: Албанија и Северна Македонија ќе бидат поврзани со тунел и нов граничен премин

Албанија и Северна Македонија ќе бидат поврзани со нов граничен премин, што ќе го создаде изградбата на коридорот 8, чии работи продолжуваат од двете страни истовремено, објави албанската министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку.

– Додека ние градиме во правец на Северна Македонија, Северна Македонија гради во правец на Албанија, за да се спојат на мостот кај Буштрица, каде воедно ќе биде и новиот граничен премин, кој ќе биде преку тунел, наведува Балуку.

По увидот на работите што се изведуваат од третата фаза од целосната реконструкција и проширување на патниот правец Елбасан – Граничен премин Ќафасан, таа наведува дека проектот предвидува изградба и на два моста долги 200 метри кои ќе бидат поврзани со тунел.

Изразувајќи задоволство од динамката на изведување на работите потсетува дека патот Елбасан-Ќафасан е од категоријата Б, со четири ленти, по две од секоја страна, со разделници и сите параметри на патот, и со минимална брзина на движење од 110 километри на час.

Ако до сега за минување на патот од Ќафасан до Елбасан (50 км) беа потребни 1 час и 30 минути, оваа оддалеченост ќе се минува за само 35 минути.

Проектот почна да се реализира во декември 2022 година а во јуни годинава дел од овој патен правец, на кој е поставена и потребната патна сигнализација, беше пуштен во употреба за сообраќај

Back to top button
Close