Бектеши: Граѓаните да пријават доколку сметаат дека не се почитуваат договорите за концесија

Министерот за економија Крешник Бектеши ги повикува граѓаните да пријават до надлежните институции доколку сметаат дека концесионерите не ги почитуваат договорите за концесија за експлоатација на минерални суровини.

-Министерството за економија постапува согласно Законот за минерални суровини кој е во негова надлежност, а има други институции кои вршат инспекциски надзор дали концесионерите ги почитуваат договорите за концесија. Тоа се Техничкиот инспекторат и Инспекторатот за животна средина, но со последните измени на Законот за минерални суровини тоа може да го прави и населението кое може да достави поплака до овие институции, рече Бектеши во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Прецизира дека Министерството за економија согласно извештаите и решенијата кои ги добива се повикува на Законот или, пак, на одребите во Законот кои се предвидени за едностран раскин на договорот за концесија и доколку се исполнети условите му предлага на концедентот, во овој случај Владата, да се рааскине договорот.

-Ги повикувам сите граѓани кои мислат дека не се почитуваат договорите за концесии да ги пријавуваат, а надлежните институции ќе излезат на терен и ќе направат увид и согласно нивните надлежности ќе му предложат на Министерството за економија каков предлог да му даде на концедентот, посочи Бектеши.

Во изминатите неколку години граѓаните кои живеат во близината на некои од локациите дадени под концесија за експлоатација на минерални суровини се жалат заради загрозување на нивната животна средина. Таков е приемерот со експлатацијата на песок во близина на скопското село Горно Коњаре или со каменоломите во близина на Струшко Лабуништа.

Back to top button
Close