Бектеши: Откако ќе се справиме со кризата некој ке треба да понесе и одговорност

Лично сметам дека треба да има одговорност за енергетската криза, ама прво треба да се справиме со неа, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши одговарајќи на новинарско прашање, а откако соопшти дека Владата прогласила кризна состојба во енергетскиот сектор.

„Лично сметам дека треба да има одговорност, ама првично треба да се справуваме со енергетската криза. Откако ќе се справиме со кризата, ќе седнеме и ќе разговараме и за конкретна одговорност и за тоа кој потфрлил во делот на намалување на домашното производство – изјави Бектеши по инсистирања на новинарите за коментар во врска со работењето на „Електрани на Северна Македонија“.

Back to top button
Close