Бесплатни таблети и дигитални учебници за сите ученици од прво до четврто одделение во Белград

Сите ученици од прво до четврто одделение на територијата на  Белград на 1 септември ќе добијат таблети, од кои ќе можат да учат во новата учебна година. Тоа го најави заменик градоначалникот на тој град, Горан Весиќ.

Тој прецизираше дека Градот ќе купи 67.592 таблети на 1 септември и дека сите ќе имаат картичка со бесплатен Wi-Fi. Со тоа, според днего, секој ученик ќе има бесплатен интернет дома, без оглед дали неговите родители имаат интернет во станот или не

Таблетите ќе се дистрибуираат низ училиштата, родителите ќе ги задолжат.

– Ќе објавиме конкурс за набавка на дигитални учебници во средината на јуни – изјави Весиќ.

Секое дете ќе добие дигитална верзија на учебник.

Градот ќе купи и 6.949 лаптопи за наставници кои работат со тие деца, и секој од нив ќе добие лаптоп за да може да одржува часови користејќи дигитални учебници.

Back to top button
Close