Битиќи најави зголемување на пензиите како никогаш досега

Сега со усогласувањето сите пензионери добиваат зголемени пензии за речиси три проценти, се прават последните калкулации и очекуваме зголемување на пензиите во скоро време, најави вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи.

-Не можам да лицитирам со бројки. Не сакам да играм со методологијата, но покачувањето на пензиите ќе биде какво што не било досега. Со тоа ќе покажеме дека имаме стабилен пензински фонд и дека се грижиме за оваа категорија граѓани. Остануваме на ставот дека пензиите мора да се зголемат – рече Битиќи на Телма.

Back to top button
Close