Богдановиќ чека министерката за култура да каже што ќе се прави со Портата и споменикот на Мајка Тереза
Општина Центар чека Министерството за култура да каже дали ќе се избришат маркичките за споменикот на Мајка Тереза и Порта Македонија од новиот Детален урбанистички план (ДУП) Мал ринг.
Општина Центар, каде се работи на изработка на новиот план, испратила писмо до Министерството официјално да им одговорат каков е нивниот став за овие објекти и што ќе се прави со нив. Градоначалникот Саша Богдановиќ бара министерката Ирена Стефоска да даде став по ова прашање, бидејќи тие објекти се под надлежноста на Министерството за култура.
…