Бројката на невработени во Гостиварско зголемена речиси за двојно

Над десет илјади лица се наоѓаат на списокот на невработени во Агенцијата за вработување во Гостивар. Најголемиот дел од невработените се пријавени откако по мерките владата најави мерки за помош на социјално загрозени лица.

Од почетокот на годинава, во Гостивар работа бараат 3.200 лица. Дел од нив ја загубиле работата по прогласувањето на пандемијата Ковид 19. Според првиот човек на Центарот за вработување во Гостивар, Хисен Амзаи, бројот на активни баратели на работа на почетокот на годината бил 6.800, но на почетокот на септември, бројка достигнала 10.000 лица, активни баратели на работа.

– Годината ја започнавме со помалку од седум илјади активни баратели на работа, односно лица кои се пријавуваат секој месец. По направените анализи, на почетокот од септември таа бројка се зголеми на околу 10.000. Реално, тоа не е заради голем број на отпуштања или губење на работни места, имено многу граѓани го сменија статусот на барање работа од шест месеци на еден месец. Надевајќи се дека со промена на статусот ќе добијат право на ваучери од 9.000 денари. Во меѓувреме, имавме и млади луѓе кои се пријавија и бараат работа, појаснува Амзаи.

Според анализите во агенцијата, најпогодени од финансиската криза предизвикана од пандемијата во Гостивар се хотелско-угостителските текстилните дејности. Според Амзаи, повеќето од средните и малите претпријатија продолжија со работа и ги задржаа вработените. Тоа, потенцира Амзаи е во корелација со економските мерки со кои владата им помогна компаниите.

Новина во агенцијата е што граѓаните од денес ќе можат да се пријавуваат лично во просториите на агенцијата и да извршат нивните обврски. Вратите на оваа институција беа затворени за странки поради заштитните мерки.

Владата на Северна Македонија го објави четвртиот пакет владини мерки со кој се најавени финансиски средства за пензионери кои примаат до 15 илјади денари, невработени, самохрани родители и стечајци. Покрај поединци, помош ќе има и за економијата.

Back to top button
Close