Брод со помош за Газа исплови од јужното италијанско пристаниште Галиполи

Брод со помош за Газа исплови денеска од јужното италијанско пристаниште Галиполи, со цел да се прекрши израелската блокада, во мисија што организаторите на коалицијата „Флотила на слободата“ ја нарекоа „мисија за децата од Газа“, објави Ал Џезира.

„Соочени со геноцидот и намерното гладување, секој чин на солидарност е важен. Додека Израел ужива неказнивост, насилството ќе продолжи“, рекоа организаторите.

Бродот, наречен Хандала, пренаменет норвешки рибарски брод од 1968 година, носи медицински материјали, храна и опрема за палестинските деца.

Се очекува бродот да патува околу една недела по Средоземното Море. Патувањето доаѓа само неколку недели откако израелските поморски сили го пресретнаа бродот Медлин пред да стигне до Газа.

Back to top button
Close