Бугарија ќе и помогне на Македонија во подготовката на трудовото законодавство согласно со барањата на ЕУ

Бугарија ќе обезбеди експертска поддршка на С Македонија во подготовката на законодавството од областа на трудот и здравјето и безбедноста при работа, согласно барањата на Европската Унија. На овој начин Бугарија ќе го поддржи патот на С Македонија кон членство во ЕУ и социјалната политика, соопшти  Министерството за труд и социјална политика на Бугарија по средбата во Софија на бугарскиот вицепремиер и министер за социјала Галаб Донев и неговата македонска колешка Јагода Шахпаска.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, размената на искуства во подготовката на прописите ќе биде дел од програмата за соработка во областа на вработувањето и социјалната политика за периодот 2022-2024 година, што ќе ја подготват двете соседни земји.

За време на разговорот министерот Донев ги презентирал антикризните мерки на бугарската Влада за поддршка на вработувањето, бизнисот и семејствата, а како што информирал Бугарија во моментов има најниска стапка на невработеност од 4,8 отсто.

 

Back to top button
Close