Бугарско обвинителство: Човечката грешка е водечката и главна верзија на трагедијата на автопатот. Пронајдени се 44 тела, спасени се 8, но едниот го нема

Човечката грешка е водечката и главна верзија на трагедијата на автопатот Струма. Ова на брифинг го изјави заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов.

 

 

Верзијата за терористички чин е правилно истражена од наша страна. Ние категорично ја отфрламе“, рече заменик главниот обвинител Борислав Сарафов за време на брифингот.

 

Тој даде детали од истрагата за тешката сообраќајка на автопатот Струма во која загинаа 45 лица.

Според него, повеќето од загинатите во автобусот починале од задушување. На нивните тела била извршена обдукција.

„Во медиумите многу се шпекулира за инцидентот на автопатот Струма. Во случајот нема очевидци, а во медиумите веќе има над 20“, објасни Сарафов.

-Сослушани се двајца од патниците во автобусот. Беа будни и дадоа крајно објективни информации. Нивните сведоштва целосно се поклопија и сметаме дека се целосно веродостојни и правилно изнесени. Уште двајца патници кои се во Пирогов се на распит и ќе дадат исказ денеска “, додаде заменик-главниот обвинител.

атегорично е отфрлена верзијата за превезено гориво во опожарениот автобус. Според Сарафов, на местото на настанот биле пронајдени 44 тела.

Шиика Милева рече и дека при распитот на еден од преживеаните рекол дека се спасени 8 лица, а не 7. Во исто време, на местото на трагедијата се пронајдени 44 тела. Затоа, истражителите ја проверуваат верзијата за да видат дали има уште еден преживеан и каде е тој. Можно е тој да ја напуштил границата со друго возило, друг автобус, тоа треба да се провери, велат обвинителите кои ги проверуваат сите хипотези за расчистување на случајот.

Back to top button
Close