Царовска ќе ја презентира новата концепција за основно образование

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска на прес- конференција ќе ја презентира новата концепција за основно образование.

Како што најави Министерството за образование и наука (МОН), на прес-конференцијата ќе бидат присутни и заменик-министерот Арафат Шабани, државниот секретар Сељатин Бељули и експертите кои беа вклучени во изработката на новата концепција за основно образование.

Владат вчера на седница донесе заклучок да се спроведе исцрпна јавна расправа со активно учество на Министерството за образование и наука и на Бирото за развој на образованието и низ максимално инклузивен процес на сите засегнати страни да се дојде до најдобри решенија и висока согласност за најавениот концепт за основно образование.

Освен тоа, во заклучокот стои дека треба да се појаснат некои од прашањата што ги имаат граѓаните, наставниците, родителите и учениците за најавената нова концепција за образование.

– Презентацијата јасно покажа дека со предлогот за наставен предмет општествени науки не се укинува наставниот предмет историја, туку содржините од него се предвидува да станат задолжителен дел од новата наставна програма, како и дека новиот концепт не предвидува намалување на бројот на наставниците по историја, географија и граѓанско образование, туку продолжуваат заеднички да ја планираат наставата, со цел учениците да добијат најдобро можно знаење на најефикасен начин, ссопштија од Владата

Back to top button
Close