Царовска и Ахмети пресекоа црвена лента за нова спортска сала во училиштето во Доброште

Министерката за образование и наука Мила Царовска, заедно со лидерот на ДУИ Али Ахмети и заменик-координаторот на пратеничката група на оваа партија Арбер Адеми, кој претходно беше на чело на МОН, денеска пресекоа црвена лента во селоо Доброште, општина Теарце – за пуштање во употреба на новоизградената спортска сала во основното „Фаик Коница“.

На настанот присуствуваше и првиот вицепремиер Артан Груби.

Новата сала, како што соопштија од МОН, е градена согласно со барањата за енергетски ефикасни објекти. Царовска, пак, нагласи дека со оваа современа спортска сала, учениците од оваа рурална општина добиваат катче за спортски активности, но и за реализација на изборни предмети според афинитетите на учениците.

Спортската сала во основното училиште во Доброште е со површина од 650 квадратни метри, а нејзината изградба чинела 22,6 милиони денари.

Back to top button
Close