Царовска на предавање на донација од ТИКА во ООУ„Петар Здравковски Пенко“

– Министерката за образование и наука, Мила Царовска, градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски, амбасадотот на Турција, Хасан Мехмет Секизќок и програмскиот директор на турската Агенција за соработка и координација ТИКА Ајтекин Ајден денеска ќе го посетат ООУ„Петар Здравковски Пенко“ во населбата Скопје Север.

Во ова, но и во други училишта низ државата ТИКА доставува донација од средства за дезинфекција и термометри.

Како што информираат од МОН, изјавите за медиуми се предвидени во  10:45 часот во училишниот двор на ООУ „Петар Здравковски Пенко”.

Back to top button
Close