Центарот за јавно здравје Куманово регистрира 18 нови заразени, двајца пациенти починаа

– Центарот за јавно здравје Куманово во последните 24 часа евидентира 18 новозаболени лица од Ковид-19,  17 од Куманово и еден од Липково, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Починати се двајца пациенти, на  64 и 72  години, во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

– Меѓу новозаболените има тројца здравствени работници, две медицински сестри од болницата и еден лекар кој работи во Скопје. Останатите се контакти на веќе заболени лица, изјави д-р Ариф Љатифи, директор на Центарот.

Денеска се направени 38 тестирања, од кои 20 по „Мој термин“ и 18 епидемиолошки тестови.

Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион дијагностицирани се 1312, а во моментов се активни 301 случај.

Back to top button
Close