Честитка од Помпео за 8 Септември: САД остануваат ваш цврст сојузник
– Оваа година и честитаме на Северна Македонија што стана 30-та членка на НАТО и ја поздравуваме посветеноста на земјата за регионален и глобален мир и безбедност, што се рефлектира преку ова огромно достигнување, напиша државниот секретар на САД, Мајк Помпео, во име на владата и американскиот народ во честитиката по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија.
-Ние сме охрабрени од напредокот што го постигнавте на патот кон членството во ЕУ и ќе продолжиме да ги поддржуваме вашите напори за постигнување европска интеграција. Неодамнешните парламентарни избори во Северна Македонија беа мирни и успешни во невидени околности и ние го цениме вашето тежнеење кон демократските идеали, транспарентноста и силното владеење на правото. Вашите достигнувања ќе помогнат во обликувањето на идната насока кон која ќе се движи регионот на Западен Балкан, пишува во честитката што ја објави Стејт депарментот на веб-страница.
Помпео вели дека САД остануваат цврст сојузник на Република Северна Македонија.