Честитка за Денот на независноста од Свештената бигорска обител

– Честитка по повод Осми септември, Денот на независноста, до сите граѓани упати Свештената бигорска обител.

-Братството на Свештената Бигорска Обител на сите граѓани на Република Северна Македонија, радосно и срдечно им го честита Денот на независноста.Вечен им спомен и слава на сите македонски родољупци и слободољупци.Бог нека ни ја сочува Татковината вечна и нека им вдахне родољубие на сите наши политичари, наведува Свештената бигорска обител.

Како што стои во честитката, осми септември 1991 година ја возгласи на целиот свет вистината дека Македонија е достојна за дарот на слободата и за самостоен државен живот.

-Она што е воздухот за телото, тоа е слободата за човечката душа. Колку еден народ има поразвиено самосознание, толку повеќе тој ја цени слободата,стои во честитката од Свештената бигорска обител на познатото македонско древно светилиште „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир кој ова лето ја одбелжува 1000-годишнината од основањето.

Back to top button
Close