Чичкото Зибери во одбрана на внукот. И ДУИ со порака до Филипче

Насер Зибери кој од вчера е кандидат албанец за премиер предложен од ДУИ а е и чичко на директорот за јавно здравје др. Арбен Зибери во изјава за тв клан рече дека министерот Филипче се заканува а незнаел дека во предизборен период нема право на именување и разрешување. На изјавата на министерот Филипче дека ке го разреши директорот Зибери по неговата објава дека тој помогнал да се донесе одлука на комисијата за заразни болести во Македонија при влез од утре да не се бара тест за корона и ги повика Албанците од дијаспората да дојдат и да гласаат за прв Албанец премиер на Северна Македонија, директорот Зибери доби подршка од матичната партија ДУИ чиј кандидат за пратеник е на второто место во првата изборна единица. – Тој беше столб на владата и Министерството заздравство во борбата против пандемијата и сите сме горди на неговата работа. Затоа, го замолуваме министерот Филипче да не се обиде да го негира правото на политичко изразување во предизборната кампања заради неговите партиски калкулаци – реагира ДУИ. Антикорупциската комисија се изјасни дека министерот Филипче без разлика што е предизборен период има право да го разреши заради политичка злоупотреба. Од таму велат дека тој може да биде разрепен од директорската позиција но не и да добие отказ,односно да остане во центарот за јавно здравје.

Back to top button
Close