Д-р Пановски: Ако вакциниравме во јануари и февруари ќе спасевме 1 000 животи

Во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, д-р Никола Пановски изјави дека во моментов не е многу важна брзината со која се вакцинира, туку тоа било битно во јануари и февруари кога ситуацијата со коронавирусот во Македонија беше далеку потешка.

– Мислам дека сега не е битно дали ќе оди вакцинацијата брзо, бидејќи ситуацијата е мирна. Битно беше во јануари, во февруари да вакциниравме 200-300 000 луѓе, да спасевме едно 1 000 животи, да спасевме 10 000 пост-ковид компликации. За мене сега побитно е да има квалитетни вакцини и до крајот на септември да бидат вакцинирани сите што сакаат и оние што се премислуваат. По моја проценка тоа ќе бидат околу милион луѓе, од кои 400 000 ќе бидат под 18 години, што би се вакцинирале до септември. И со ова спремни да го дочекаме есенскиот период кога природно се очекува да дојде нов бран на вирусот, вели Пановски.

Back to top button
Close