Дебарското муфтиство со честитка за Курбан бајрам и апел да се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19

Во пресрет на утрешниот голем празник, Курбан бајрам дебарското муфтиство упати честитка до сите верници од регионот и до нашинците во дијаспората.

-Почитувани верници, искрено со најдлабоко духовно чувство ви упатуваме честитки по повод празникот Курбан бајрам. Нека е за многу години овој голем празник за сите верници од дебарскиот регион и сите прпадници на исламот во светот. Испраќаме искрени братски честитки до нашнците во САД и во Европа. Ви благодариме за се што направивте и што правите за родното место, земјата на вашите баби и дедовци, на вашите родителите, стои во честитката објавена на Фејсбук страната на муфтиството.

Во честитката се апелира до верниците строго да ги почитуваат препораките за заштита од Ковид-19, празникот да го одбележуваат во кругот на семејствата, да не се практикуваат досегашните меѓусебни посети, честитањето на празникот да не биде со ракување.

-Ве информираме дека поради актуелната состојба со опасниот вирус утринскиот намаз (молитва) ќе се клања дома, додека бајрамскиот намаз почнува во 6:06 часот и ќе трае покусо од вообичаено. Верниците потребно е да одржуваат физичка дистанца, да носат маски, да ги дезинфцираат рацете или да носат ракавици и секој верник да има соствено сеџаде, стои во објавата на муфтиството.

Дебарското муфтство ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово Ростуше каде има четресеттина џамии.

Врениците строго ги почитуваа препораките од муфтиството при одблежувањето на Рамазан бајрам, на 24 мај.

Back to top button
Close