Дедото на Боки 13 бил прв директор на „Шутка”

Aдвокат Сашо Дуковски, бранител на Бојан и Миле Јовановски обвинети во „Рекет 2“ рече дека дедото на Боки 13 бил партизан, работел во полиција и бил прв директор на истражниот затвор „Скопје“ каде внук му моментално е затворен.

Дуковски говорејќи за Миле Јовановски, таткото на Боки 13 кој исто така е обвинет во случајот „Меѓународен сојуз” и е обвинет за перење пари и за недозволено држење на оружје рече дека не знае од каде испаднале три пиштоли во обвинителниот акт против Миле Јовановски.

Претходно Јовановски рече дека дека не го разбира обвинувањето и дека го прават криминалец на 60 години.

 

Back to top button
Close