Дел од земјотресите во Грција почувстувани во Гевгелија, Струмица и Битола

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево на 3.11.2024 година регистрираше серија на земјотреси чии епицентри припаѓаат на територијата на Грција, соопштија од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, два од земјотресите се почувствувани на територијата на Македонија и тоа:

земјотресот од 18 часот и 3 минути со Рихтерова локална магнитуда ML5.1 е почувствуван од населението во Гевгелија и Струмица со интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала,во Велес и Скопје со интензитет од III степени според истата скала земјотресот од 18 часот и 6 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.8 е почувствуван од населението на Гевгелија, Струмица, Битола и Кавадарци со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала

Back to top button
Close