Дел од ограничувачките мерки во европски држави во пресрет на Божик
Во пресрет на Божик, европските влади се обидуваат да воспостават рамнотежа помеѓу ограничувачките мерки во борбата против коронавирусот и да им дозволат на граѓаните да ги слават празниците со семејството и пријателите.
Ова се дел од мерките што земјите ги презедоа:
Министерот за внатрешни работи Микаел Дамберг на 21 декември објави дека Шведска ќе ја затвори границата за еден месец од полноќ тој ден, стравувајќи дека строгите ограничувачки мерки во соседната земја може да ги принудат Данците да купуваат во Шведска.
Даблин им дозволува на жителите – до три домаќинства да се состанат до 6 јануари, а забраната за патување во рамките на државата ќе биде укината до тој датум. Ресторани, пабови кои служат храна и некои продавници ќе бидат затворени од Бадник.
Жителите на Англија, кои се наоѓаат во најпогодените области за време на Божик, воопшто нема да смеат да се посетуваат. На другите ќе им биде дозволено да го сторат тоа, но само на Божик. Во Велс, дозволено е да се соберат најмногу две домаќинства. Шкотска забрани патување во други делови на Велика Британија.
Италија ќе биде под строги ограничувачки мерки во текот на целиот зимски празници. Продавниците што не се есенцијално потребни ќе бидат затворени во периодот од 24 до 27 декември, од 31 декември до 3 јануари и 5 и 6 јануари. На жителите им е дозволено да патуваат само до работа, леркар или од итни причини.
Мисата на папата Франциск за Бадник ќе почне два часа порано и на неа ќе присуствуваат ограничен број луѓе.
Училиштата, рестораните, спортските центри, хотелите, скијачките центри и трговските центри ќе бидат затворени од 28 декември до 17 јануари. Ќе се воведе полициски час за новогодишната ноќ, од 19 до 6 часот наредниот ден.
Рестораните, спортските и рекреативните центри се затворени еден месец од 22 декември, а продавниците работат со ограничен капацитет.
Португалија го помести ноќниот полициски час од 23 часот до 2 часот по полноќ на 24 и 25 декември, не ограничувајќи колку луѓе им е дозволено да соберат за Божик. Полицискиот час за Нова година ќе трае од 23 часот.
Полицискиот час се намалува, а за Божик и Нова година можат да се соберат до 10 лица. Патувањето помеѓу регионите е ограничено во периодот од 23 декември до 6 јануари за да ги посетите семејството и блиските пријатели, освен ако регионите не одлучат да ги засилат мерките.
Воведено е целосно затворање од пет недели. Собирите се ограничени на две лица, освен три дена околу Божик кога е дозволено уште едно лице.
Ресторани, хотели и спортски центри се затворени од 18 декември и ќе се воведе полициски час.
Од 16 декември до најмалку 10 јануари, дозволено е да работат само продавници за храна. Приватните собири се ограничени на пет лица од две домаќинства, освен за Божик кога ќе може да се соберат до 10 лица, не сметајќи ги децата.
Забраната за напуштање на домот е укината и воведен е полициски час преку ноќ, што нема да важи за Бадник.
На Норвежаните им е дозволено да поканат до 10 гости за Божиќ и Нова Година.
Домаќинствата ќе имаат дозвола да поканат само уште една личност за Божик. На луѓето што живеат сами им е дозволено да примат уште две лица. Огнометот е забранет за Нова година.