Делта плус сојот не е докажан во земјава почната е постапка за собирање брисеви за испитување

Досега во Македонија нема потврдено случаи на делта плус сојот, но веќе е почнато да се прават брисеви за да се потврди дали има носители на новиот вирус, изјави за „Фокус“, директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети.

Во моментот сѐ уште нема докажани случаи, но веќе почнавме со правење брисеви во МАНУ и Институтот за јавно здравје, па да видиме што ќе се случува – вели Мемети.

Делта плус сојот на коронавирусот досега е потврден во повеќе од 40 земји, а како што велат епидемиолозите, прашање на денови е кога ќе се појави и во земјава. Овој сој се смета дека многу побрзо се шири од делта сојот, а клиничката слика е посериозна.

Back to top button
Close