Демири за случувањата на токсикологија: Да имаше тука политика јас ќе ги разрешев и другите директори кои се политички опоненти

Поранешниот медицински директор на Клиниката за токсикологија Данил Петровски е разрешен оти правел грешки, не поради политички причини, да беше така ќе ги разрешев и другите директори кое се политички опоненти, изјави Министерот за здравство Илир Демири при денешната посета на Клиничката болница Тетово.

Вели дека е загрижен за вработените кои работеле со договор на дело на токсиколигија, а кои не замале и плата, а таква судбина може да ги снајде и други здравствени работници. Ваквата категорија на вработени треба да имаат приоритет при вработувањето, вели Демири.

„Да беше сето ова политички опструирано јас ќе ги разрешев другите директори оти тие се политички опоненти, може да се видат нивните објави на Фејсбук.Јас сум загрижен за 18 семејства кои не добиле плата, а тоа е обврска наша. Исто така сум загрижен и за 20-те семејства кои работаат во Болницата во Лешок каде има сериозни проблеми, болница која ако не се земе под покровителство на тетовската болница таму ќе останат 20 луѓе без плата. Луѓето работеле на токсикологија 12 месеци, после биле дел од здравствените услуги.Ако некој има договор 12 месеци јас како министер кој сум да го прекинам договорот. Има многу здравствени работници кои работаат со договор на дело тие треба да добијат трајно решение, изјави Министерот за здравство Илир Демири.

Тој посочи дека на договорците од токсикологија ќе им бидат продолжени договорите, нешто кое го барал од поранешниот медицински директор Петровски, а тој како што вели Демири го одбил.

„Сега ќе се продолжат договорите, но не можеа да се продолжат кога имаше врзан потпис. Јас го замолив да постапи директорот според законот да им се продолжат договорите директорот тоа го одби и јас чекав да заврши сето тоа и јас се трудам да постапувам правно. Кој го именувал директорот кој вели дека вработените не се адекватни. Јас позицијата ја презедов пред два месеци, ако биле тие неадекватни зошто правеле распоред за работа за нив“, рече Демири.

Демири дополни дека нема хаос на Клиниката за токсикологија, а економската директорка според него не го прекршила законот.

„Нема хаос таму дирекорката организациска ќе остане на работното место се додека не го прекрши законот.Директорката не потпишала за осигурување на клиниката оти во првичниот договор немало пишано колку проценти зема брокерската куќа. Директорката инсистира на договор со брокерска куќе која кажува колку зема проценти, директорот не сака да го потпишува, ова се кривични дела, сега можам ова да го зборувам дека не сме пред кампања, нема да го користам министерството за политичка кампања, изјави Демири.

Инаку професори од Клиниката за токсикологија одржаа прес конференција на која посочија дека болницата нема потреба од сите 18 вработувања, туку само од неколку со фокус на биологот неопходен да функционира токсиколошката лабораторија. Вработувањето на 18-те договорци предизвика бурна атмосфера и поделба во групи на клиниката, поради тоа што дел од вработените тврдат дека овие кадри се вработуваат партиски и од нив нема потреба.

Back to top button
Close