Деспотовски ги покани Ковачевски и Ременска заедно да ги престават програмите за лидер на СДСМ

Еден од тројцата кандидати за лидер на СДСМ, Јован Деспотовски, ги покани другите двајца – Димитар Ковачевски и Фросина Ременски, заеднички да организираат презентација на програмите.

 

 

„Ќе ги поканам моите партиски другари и кандидати за Претседател на СДСМ Фросина и Димитар заеднички да организираме презентација на нашите програми“, вели тој.

„Заедно да се обидеме нашите идеи, концепт и мерки да стигнат до најширок број на наши сопартијци, пред луѓето што одлучуваат. Треба да обезбедиме еднаков пристап до сите наши членови и поддржувачи, кои не секогаш имаат можност да бидат поканети и присутни и да слушнат што нудиме. Затоа, имајќи ги предвид и кратките рокови предлагам презентацијата да биде он-лајн, со отворена можност за поставување на директни прашања“, вели Деспотовски.

Back to top button
Close