Димитриевски: Органите на прогонот да ги откријат лицата кои го уништуваа државното знаме и да бидат казнети по закон

Претседателот на Движењето ЗНАМ и градоначалник на Куманово Максим Димитриевски го осуди, како што посочува непочитувањето на Законот за употреба на знамињата од страна на институции и органи и синоќешното уништување и сквернавење на државното и македонско знаме додека се славеше Денот на албанското знаме.

-Секогаш како човек сум го сакал своето, а почитувал туѓото! Денеска како човек но, и градоначалник на сите граѓани во Куманово од почит кон моите сограѓани од Албанската заедница го честитав Денот на албанското знаме, а воедно и во рамки на годишната програма за култура со едногласна одлука на советот беше подржан овој настан како и многу други во Куманово кои ги негуваат правата на етничките заедници. За жал тоа што денеска го видовме на многу места по државата, па и во мое Куманово особено вандалското однесување на поединци и групи, непочитување на законот за употреба на знамиња од страна на институции и органи и уништување и сквернавење на нашето државно и Македонско знаме е за секаква осуда, истакнува Димитриевски во пишана изјава за медиумите.

Искажувајќи јавна осуда за ваквите настани, кумановскиот градоначалник бара од институциите на прогонот да ги открие ваквите поединци и групи и да ги изведе пред лицето на правдата и тие да бидат санкционирани според закон.

-Истото го очекувам и од моите колеги градоначалници на кои ова не им е прв пат да го кршат законот без да поднесат одговорност. Исто така очекувам јавна осуда на ваквите настани од сите парламентарни и вонпарламентарни партии во Македонија, како и сите претставници на меѓународната заедница, потенцира Максимовски.

Според него, по ова денеска на тест е нашиот мултиетнички капацитет, дали е тоа искрена желба или пак само фарса.

– Јас сум за реално мултиетничко општество во кое што сите взаемно ќе се почитуваме со еднакви права и обврски и сите еднакво одговорни пред закон. Да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала платила и плаќа, вложувала во тебе е злосторство против истата и треба да се одговара, наведува кумановскиот градоначалник и претседател на ЗНАМ.

Back to top button
Close