Директорот на затворот- Камчев редовно зема терапија, контролите и тестовите му се во ред,

Директорот на затворот „Скопје“, Филип Андов, вели дека на притвореникот му се дава соодветната терапија и секогаш кога се пожалил на нешто му се пружала грижа од домскиот лекар или се повикувала итна помош. „Медицинскиот тим е професионален кој е под команда на Здравствен дом Скопје. Секојдневно, на секој кој ќе се пожали му се пружа грижа. Камчев ја зема неговата терапија нормално, според тоа што е пропишано. На секое негово пожалување за здравствената состојба му се излегло во пресрет од домскиот лекар, а ако е после 16 часот се викала и Брза помош. Нема никакви сознанија дека му е нарушена здравствената состојбата, сите контроли и тестови му се направени и параметрите се во ред“, вели Андов.

Back to top button
Close