ДКСК со презентација пред Владата за откривање случаи на судир на интереси кај функционери

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) денеска на владина седница во 12 часот ќе одржи онлајн презентација на практичното упатство за правилата за ад хок откривање и управување со случаи на судир на интереси за членовите на Владата.

Владимир Георгиев, член на ДКСК, на денешната прес-конференција појасни дека ова советување е врз основа на препораката број 6 од последната евалуација за Северна Македонија на ГРЕКО, каде се вели дека треба да се изработи ова практично упатство за ад хок откривање судир интереси кај највисоките претставници на извршната власт.

Тој информира дека презентацијата е веќе договорена ќе се одржи денеска и како што имаат сознанија ќе учествува и премиерот, вицепремиерите и министрите.

–  Генерално, самото упатство што ќе биде реферирано се однесува на случаи и практични примери на откривање судир на интереси и како треба да постапат највисоките претставници на извршната власт, во смисла на изземање од постапување. Ќе презентираме и прекршочни одредби во однос на непреземање и иницијативите што досега сме ги работеле, изјави Георгиев.

Back to top button
Close