Договараме да позајмиме од земја членка на ЕУ и НАТО не планираме соработка со Кина вели Николовски
Потпретседателот на ВМРО –ДПМНЕ, Александар Николовски, тврди дека најавениот поволен кредит од милијарда евра ветен во предизборието нема да биде заем од Кина, туку од земја членка на ЕУ и НАТО.
Тој во синоќешното гостување на ТВ Телма тврди дека идната влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ не планира соработка за тоа со Кина, ниту со Русија.
Ваквиот чекор го правда со тоа што вели дека каматите на меѓународните кредитори како ММФ и Светска банка поскапеле и сега изнесуваат и над 5 отсто што е исклучително скапо.
За заемот договорен влада со влада, вели имаат 2 основни предуслови.
– Каматата да е пониска од меѓународните кредитори, факт е дека тој што ќе ги позајми парите ќе заработи, нема да ги даде како подарок, ние би биле среќни доколку каматата е под или околу 3 проценти. И, второ, да има еден пристоен грејс период и пристоен период на враќање на тој кредит, како би можел истиот да биде употребен за развој на државата, рече Николовски.
Вели дека ништо не објавиле затоа што не е постигнат дефинитивен договор.
Додава дека со една држава разговорите се во напредна фаза, но не исклучува дека може да се појават и други заинтересирани страни.
Во најновиот број на Фокус неделникот открива дека заемот од 1 милјарда Мицковски го договара со Виктор Орбан човекот кој му даде азил на екс премиерот Никола Груевска аМицковски го наследи бегалецот на лидерската функција на ВМРО ДПМНЕ.






