Еден новозаразен и тројца оздравени од Ковид-19 во Дебар

– Во последното деноноќие во Дебар Ковид-19 е дијагностициран кај едно лице што е 39-ти случај во овој месец. Тоа значи дека во просек дневно регистрирани се по околу 1,8 новозаразени. Исто така во последните 24 часа три лица ја добиле битката со опасниот вирус,додека за среќа нема починати.

Според надлежните од крајот на февруари кога болеста се појави во ова подрачје од направените повеќе од 1.200 тестови,позитивен резултат е добиен кај 237, оздравеле 155 лица, починале осум додека активни на болеста се 74-ица, повеќето со лесна форма на болеста.

-Поголемиот број од заразените се во втората фаза, односно од 5 јуни па наваму или 186 лица. Тоа секако како последица на укинувањето на едномесечниот карантин кој во нашето подрачје беше воводен од 13 март, по што дојде до поголемо раздвижување. Се разбира дека не може да се биде постојано во карантин, но апелирам до сите строго да ги почитуваат препораките за заштита, зашто опсниот вирус сеуште е меѓу нас, вели епидемиологот Ментор Меља, раководител на Работната единица за јавно здравје.

Редовно апел за почитување на препораките упатуваат и од општинскиот Оперативен штаб, но голем е бројот на оние кои тоа не го прават, а деновиве зачестија и веселбите кои се прават во домашни услови, има групирања по разни поводи.

Според статистичките податоци, на дебарското одделение за внатрешни работи, кое со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, во изминатото деноноќие, полициските службеници констатирале девет прекршоци за неносење лична заштита на лицето или над 130 во овој месец.

На сите како што вели портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски издадени им се прекршочни платни налози.

Back to top button
Close