Едно лице ја загуби битката од коронавирусот во Кичево

– Претходниве денови бележиме мал број на заболени од Ковид-19 и тоа придонесе да се спушти бројката на активни случаи на 35. Во нашиот град од почетокот на пандемијата се евидентирани вкупно 334 случаи на инфицирани од овој вирус, бројот на оздравени изнесува 283, додека бројот на починати е 16 , инаку денеска во нашата општина имаме двајца ново заразени и за жал едно лице на 67 годишна возраст ја загуби битката со коронавирусот, вели д-р. Џабир Бајрами директор на Здраствена дом и член на Кризниот штаб на општина Кичево. Тој воедно  апелира до граѓаните да се држат до препораките на надлежните здравствени институции.

Back to top button
Close