ЕК: Многу сме загрижени за планот на Џонсон за Брегзит

 Европската комисија денеска повторно изрази голема загриженост во врска со планот на британскиот премиер Борис Џонсон неговата земја да го прекрши договорот за Брегзит, односно условите за напуштање на Европската унија.

-Добро знаете дека сме многу загрижени за предлог британскиот закон за внатрешен пазар и намерата на британската Влада да го наруши договорот за напуштање на ЕУ, изјави еден од портпаролите на ЕК на прес-конференција.

„Знаете дека од таа причина свикавме вонреден состанок на заедничкиот комитет на ЕУ и Велика Британија“, рече портпаролот, пренесуваат британските медиуми.

За денеска е закажан итен состанок на заедничкиот комитет.

Back to top button
Close